Is that too much to ask?

I want kisses long like the rivers….
I want love that will make me glow….
Is that too much to ask?
I want long nights walks holding your hand.
I want quite nights spent in your big arms…
No tooking, just laying in the bed and feeling the silence.
Is that to much to ask?
I want morning filed with kisses, smilies, and smell of good warm black coffe.
I want to wake up and catch you staring at me…
Is that to much to ask?
I want to make love under the stars!
Is that to much to ask?
But what is love and how to share it?
And how to brake all the walls that i bild around me…
Walls ….
Not to get hurt….
I close the bottle never to be open.
Then he say….
Im teling you…
Its cold without the colors of love!!!
o darling…
o darling…..
Love is more then one color.
Love is more then sharing beds…
Love is more…
….way more of everything!

Јас и ти

Уморен сум.
Многу е касно
Скоро 4 и 30
Моето омилено време
Не е прв пат
Скоро секоја вечер
Истото се случува
Како по навика…
Не дека ми се спие…
Само сакам да ги затворам очите
И не знам…
И не знам зашто се уште не можам…
Не можам да сонувам без да заспијам,
Да заспијам без да мислам…
А сонот…
Е дел од друга димензија
или
на мојот мозок….
Уствари слободата на мојата душа
Слобода заробена во четири зида
Кои се бескрајно одалечени
А во исто време и толку блиску…
Како да ти дишат на врат..
И те задушуваат со нивната блискост,
а во истиот момент ти ги замрзнуваат коските со нивната одалеченост…
You and Me.

И.П ’1512189598_863042823810993_8645153827039424444_n

Еден ден

Еден ден…

Можеме ли?
Да бидеме нормални.
Дали воопшто некад нешто ке биде нормално.
Дали може да се сакаме нормално?
Дали е нормално да те сакам вака, или не е?
Дали е нормално да ме сакаш и да не ме сакаш баш вака ?
Дали некогаш е нормално да се слуша депресивни песни?
Или тоа значи дека те повредиле премногу.
Дали дел од тоа што е нормално уствари е ненормално.
Ненормално да сакаш и да ти биде возвратено?
Ако сето тоа е ненормално….
..е баш многу сакам да сум ненормално среќна..
Еднаш кажав дека сам си одбираш каков ке ти биде денот…

Дали ке ме сакаш?
Знаш дека понекогаш си помислувам дека не е возможно да постои толку многу болка со една помисла на една личност.
Знаеш дека понекогаш си помислувам дека ниедна личност не смее да нанесува толку многу болка.
Ниедна личност уствари не заслужува солза, онаму каде што некогаш имало насмевка!

A?
Еден ден.
Се што кажав, ќе заборавам.
Се што кажа, ке заборавам.
Еден ден.
Колку те сакав, ќе исчезне.
Колку ме сакаше, се докажа.
Еден ден.
Нема да видиш солзи на моето лице.
Нема да видам ни насмевка на твоето.
Еден ден.
Ке сватиш колку многу те сакав.
А тебе око не ти трепна.
Ке сватиш дека тоа те сакам моето значеше појше и од што можеш да замислиш
Еден ден…
Зарем заборави дека сакав цвеќиња. и чоколадо!
Зарем заборави…
– Многу бои има светот, избираш ти која сакаш.
Зарем заборави.
Еден ден…
Еден ден ќе ја довршам приказната…

И.П 20151400101510972c8-original-1

“Знаеш од 1 до 10 колку ми се плаче? 12.”

11136779_692110280897859_6841572766186376649_n
Дека душата пепел ми ја направи, за никој никад да не ја најде.
Она воздухот што ми го одземаш, мислиш подолго ќе живееш од мене?
Колку е смешно.
Темно е се.
А таман ми доаѓа да спијам.
Сакам да пушам.
Како да знам дека си блиску.
Како сите моменти со тебе да ги гледам од балконот.
Се гледам себеси.
Тебе.
Како ме држиш за рака.
Како ме бакнуваш пред врата.
И си мислам.
И дишам.
Не е вредно.
Ништо.
Не е вредно ништо.
Нема.
Нема бои, светот вака.
Нема бои светот вака.
Сив е.
-Не знаеше како, нити зошто ни до кога! Ја изгасни цигарата и се разбуди. Се беше исто.

И.Пини ’15

Зелени очи имаше така?

Зелени очи имаше така?
Зелени очи имаше, светеа на сонце.
Љубов ми беше.Многу те сакав, ептен. Се секавам со насмевка на лицево. Се секавам на секоја глупост со тебе, на секоја проелана солза со тебе, на секоја караница и секој кажан збор, убав, или не.
Секад мислевме заедно ќе завршиме,знам.
Зелени очи имаше така?
Епа сеа чувај си ги за тебе, тие очи.
ДА да знам, јас сум крива…ама сватиме…
Знаеш…секоја приказна си има крај, мене до душа и ск**чено ми беше од нас.
Лигави, караници, убиство со зборови.
Е добро де, знам дека сум јас, не си ти…само сакав по добро да се паметиме.Ништо појЧе.
Знам, јас сум крива, станав се она од кое се плашев дека некогаш можам да бидам.Ете тогаш го научив тоа “Never say never”.
Да ете баш тој ден ти текнуа….
Да, као те немаше три часа и ја “скренав”, а не дека имаше причина и самиот знаеш….
Ама секад ме трпеше со затворена уста, додека ја се карав со тебе.
Е по тоа ке те паметам, имаше многу нерви да ме трпиш, ала да ти е.
Еј, што ми текна, ама ај да не те потсекам на тоа, секад се нервираш….
Еј, а ти текнуа коа го скршив прозорот на една куќа, добро што никој изглеа немаше дома, па побегнавме….
Знам, пијана бев…пошто као нешто се скаравме, па многу повредена се напраив ѓон.Тоа беше само оправдување.
Дента каменот да летнше во твојата глава, има ко прозорот да се искршеше, искрено да бев јас на твое место мислам дека никад немаше да ти опростам.
Ама не дека и јас не сум ти опростувала триста циркузи.
Ти текнуа, а? Се смееш?
Се трпевме јас и ти.Ептен.Ама ти беше по добар од мене во тоа, што се ми немаш опростено.
Ама јас ми текна и неверства ти опростив, не едно , многу…
Да и ти мене, ама едно само.
Не бев пример за девојка, ама ме сакаше знам.
И јас тебе.
Само што на крајот коа заврши се, не помислив дека некад онака ке ми фалат твоите очи зелени да ги видам оддалеку како ме чекаш со раширени раце и тола прегратка после секоја караница, неверство, глупост и пијанство.
Е, да ми фали тоа…Ми фали да се вракам секоја вечер во твоите прегратки после секој наша “преголема караница”.
Да се вракам во гнездото, мое.
И беше моето бекство од сите проблеми, од сите други и од самата себе.
Главното беше дека си опростувавме.
А само Господ знае колку пати ме бакна, а бакнежите ни се помешаа со солзи од болка за друг.
Само Господ знае колку пати те бакнав, одкако некоја друга те изневери.
Само Господ знае, колку пати ми ги избриша солзите од очите и ми кажа , те сакам.
Само Господ знае колку пати те фатив за рака и не дозволив да те газат.
На крајот ти кажав “никогаш не ми кажа Те сакам”
А само господ знаеше дека тоа го кажав намерно, за да те повредам, за на крај по лошо да ме паметиш
И тогаш само Господ знаеше дека тоа беше единствениот начин, да те ослободам, да бидеш среќен.
Бидејќи не бев силна среќен да те направам.
Ти зелени очи имаше така?
Te паметам.
Пини.И

’142846206557_a6c886e2e3

Ги извалкав сеќавањата, партал ги напраив

Се е минливо ми кажа…
Као демек не ти значам повеќе,нели?
Ме сонуваше рече, како плаќев пред твоите нозе.
Кажа уби го копилето што те повредило, исечкај го на делови и запалиго во када со бензин.
Не сватив, што сакаше да кажеш коа рече дека си монструм.
Не сум јас крива реков, и не почекав да се вратиш.
Се извалкав, ко дете во кал.
Се партали напраив…
Ти твоето.
А и моето срце.
Го распарчив.
Не сакав, искрено ти кажувам.
Ама ете дозволив други усни и други раце да го извалкатаа она кое беше твое.
Не знаев да чекам.
Дозволив секој еден да ги допре тие работи кои ти ми ги даде.
Ги извалкав секавањата наши, партали ги напраив…
Што да ти кажуам,што да те барам?!
Што да ти кажам?
Да ти кажам дека уште бајги машки ме бакнаа, онаму каде што само твоите усни беа испишани.
Шо да ти кажам?!
Сакаш да ти кажам дека твоите допири се извалкани со рацете на секој кој ми кажа дека сака да ме сака?
Лом ги напраив сеќавањата, лом ги напраив.
Дали жалам?
Остави не ме прашуј глупи прашања брат.
-Брат?
Е што да ти кажам?
Добро бе љубов моја најголема?
-Најголема сум ти?
Не сакам да ти одговорам.
-Ме сакаш?
Што ти е гајле!
-Ке ме бараш некад.
А ти мене?
Муабети без врска, само за да те почуствувам блиску.
Само за да ме изнервираш.
Ама ти кажав бејби, лом напраив се.
Ти текнуа на сеќавањата наши?
-Да и што?
Ти текнува коа бев ја Ромео а ти Јулија?
– Добро де и што?
А ти текнуа коа прв пат ме бакна?
-И што сеа, ме испитуаш дали се секавам на нас?
Не бе,само сакав да ти кажам дека…
-Ме сакаш?
Не бе шо да ти кажуам нешто шо веќе го знаеш…
Сакав да ти кажам за секавањата наши…
-Што со нив
Ги извалкав сеќавањата, партал ги напраив!
-Те сакам.
Знам, и јас тебе….ама повеќе не сум твоја.
-Засекогаш си моја, убавице, Моја си!!!

!Dont-hurt

Страв!

Страв.
Страв е она од кое се плашиш.
Не, страв е она за кое мислиш дека немаш сила да го направиш.
Тоа е тоа.
Се плашам да дозволам да го направам она мое РЕМЕК ДЕЛО.
До душа, секад и го праев.
Де свесно…
Ама повеќе пати несвестно.
За да се одбранам од болка.
За да не дозволам премногу да ме запознаат.
За да не дозволам да ме сакаат.
За да не сакам.
За да не ме повредат
За да не повредам.
Страв. Just a word.
Толку мал, а сепак огромно голем.
Како црна дупка, во која паѓаш.
Од која нема спас.
Која те прави да си само суштество.
Без ништо посебно.
Страв, збор сам по себе ми создава морници по телото.
Страв, само уште еден збор кој кажува се, а уствари уста не отворил.
Чуство е! Не е само збор!
Збор е , а голем товар е!
Збор е, а го чуствуваш како полако ти го оцрнува срцето….
Како димот кој ги труе твоите дробови, само ова го труе срцето.
Не те остава да земеш здив, без да не се помислиш….
Што ако….?!
Страв од мал простор, страв од инсекти, страв од висина, страв од ова, страв од она….
А, стравот од животот.
Ете за тоа нема лек, ете за тоа….
А што е стравот?
Ништо!
А што те тера да чуствуваш?
Сешто.
Те тера да се затвориш во соба со еден прозор, ама заѕидан и тој.
Ни светло, ни бутур.
Ништо.
Те тера да се затвориш во четири ѕида и кутии цигари.
Да вдишуваш само дим, ништо друго.
А што е стравот во споредба со се друго.
Е, само кога би знаела.
Знам, ама од збор до дело има многу.
Има толку многу, а сепак толку малку.
Само, страав ти е да ја напуштиш собата и ѕидовите по кои насекаде ги има ноктите твои со кои гребеше да ме извадиш од темнината, ама не ти дозволив.
Не сакав.А ти ме свати и замина.
Не беше единствениот.
Јас одлучив да ги изградам тие ѕидови, тој заѕидан прозор и мојот замок околу мене.
Дека така беше полесно да не дозволам некој да се поврзе со мене и мојата душа.
Само така мислев дека ке успеам да живеам, неплашејќи се од тебе.
Од твојата љубов.
Од авантурите.
Од чуството да се чуствуваш жив.
Замок соѕидав….
За да не ти дозволам со твоите чисти раце да ја допреш мојата зацрнета душа.
Од страв.
Од страв дека можам да те изгубам, одлучив да да се заѕидам себеси.
Мислејќи ќе се поштедам себеси.
Мислејќи дека доволно е само збор.
Ама очигледно не е.
Долго време веќе сум внатре.Се мислам, да ти кажам…
Што ако излезам.
Ќе се плашам да сакам?
Ќе имам страв од таквите како тебе?
Ќе повредам некого?
Или некој мене?
Тоа ми ствара вртелешки во главата и во стомакот. А пробуваќи да ѕирнам што има надвор од мојто замок, устата ми се исуши, и само благиот вкус на адреналин го чуствувам ….и здивот.
Што ако излезам….Ќе се вратам кај тебе?
Или некој друг веќе ме чека пред големите порти на мојот замок.
Ех, само потребно е малку време, ќе си дадеме уште малку време….
За да сватиме, за да научиме, дека стравот можеби е само збор, а чуствата ние сами си ги натоваруваме на душа.
За да ги носиме….
Со години.
Се додека стравот не се претвори во дим, и исчезне исто како димот од нашата одамна згасната цигара.
– Исније.П ’14
Слика

Lifetime

Ако веќе ми ветуваш lifetime…
Тогаш одржиго тоа ветување.
Ако ми ветуваш љубов…
Тогаш сакај ме!
Ако ми ветуваш среќа…
Тогаш направи ме среќна.
Ама ако….
Ако веќе почнеме со ветување уште пред да почне се.
Ако почнеме, треба да истраееме.
Ми треба некој што ќе ми вети и ке го исполни.
Не сакам празни ветувања, не сакам!
АКо веќе одлучиш да ме сакаш, сакај ме!
Не ме лажи…
Не ми треба selfish ми треба вистински.
Биди човек, застан зад својот ебен даден збор.
Биди човек.
Ако веќе ми ветушаш, вети ми ….
Дека ќе ме држиш за рака до крајот на мојот живот.
Не сме деца повеќе, сега сме возрасни.
Или само јас пораснав.
А ти?
Сум слушнала мн ветувања, тешко дали 1% од нив се исполнале.
Ама ако, научив лекција.
Јас никогаш не ветуваам ништо, на никој.
Така ги се поштедувам себеси од тоа “не седиш на свој збор”
Така, неветувајчи ги поштедувам другите од несакана болка.
Ете така е најдовро.
Ама ако веќе ми ветуваш lifetime …
Остан на својот збор.
Те сакам. И ќе те сакам, ама само ако….
Ми возвратиш…
За lifetime се потребни двајца.
За љубов се потребни двајца, а не само јас.
Ако веќе ветуваш, исполни.
Биди маж, биди човек каков секоја жена заслужува.
Биди ми единствен доживотен најдобар пријател.
Биди ми единствен љубовник.
Биди ми единствена љубов.
Биди се’ она кое се ветува заедно со lifetime.
Lifetime together ете само тоа сакам.mr_nobody05

“Душава ми ја откорнаа, зборови”

Ме заболе душава бе еј….
Ме заболе душава толку многу, што почувствувам топлина во очите…
Како гром да ме погоди….
Како да останав слепа засекогаш…
Врела болка во очите, полошо беше дури и од чадот на цигарата коа ке дојде до окото…
Душава ми ја откорнаа, зборови.
Душаваа ми ја распарчија, зборови.
Душава ми ја скршија за една секунда.
Ме погоди како гром од ведро небо.
Пред мене БУМ, па сакаш кажи нешто,или не …исто е!
Ме заболи душшата дека мислев и ти ми ја даде својата.
Мислев и ти се предаде онолку колку што јас со тебе.
Ама не.Сум се излажала.
Зарем? После толку долго? После толку нешта.
Се ти дадов… Душа, љубов, внимание, подршка, рамо за плачење, за смеење….
Се ти дадов, мислејќи и ти делиш со мене се.
Аме не….Душва ме заболи.Очите сами плачеа.
Гореше нешто во мене. Ме уништи.
Се уништи.
Спомените, се тотално се!
Трчав за тебе, рака во оган ставав. Сакав среќа да имаш.
Душава ми ја распарче.
Ти верував бе еј…Алоооо ТИ верував. Многу!
Толку многу што се ти дадов.Се!
Мислев дека вреди.
Зарем после се не ми веруваш.
Ми ја откорна душава. Пепел ја напраи бе еј….
Ама ќе се каеш, еден ден…
Затоа што толку години ги фрли во вода.
Толку многу спомени исто така.
Толку многу љубов и тоа.
Се пепел напраи.
И сега….Знаеш што можам јас?
Одмазда.Можам и јас пепел да те напраам.
Целосно, во вистинска смисла на зборот.
Можам да напраавам да се каеш за тоа што ме напраи пепел, мене, нас, спомените, љубовта.
Не може твојот мозок да стигне до тоа ниво и да размисли што можам сега да направам.
Сега кога сум толку многу гневна, на тебе.
Можам сега јас да ти ја изгорам душата.За навек да ме памтиш.
Да ја памтиш таа што се ти даде и на крај се што ти имаше пепел ти го сторе.
Како ти мене,како ти нас.
Не можеше да сватиш дека можам сега, во овој ебен момент да ти го срушам светот на глава.
Како ти мене. Сега. Ова вечер.
Мозокот не може да ти ја дофати таа фрекфренца, дека поради тие зборови, можам да те уништам.
Да те прегазам како воз, не еднаш.
Повеќе пати одново и одново, а ти болака да чуствуваш.
Да го почуствуваш она кое јас го чуствував кога ги слушнав тие зборови.
Нас, пепел не’ сторе.
Не свати дека баш сега можам јас, стварно да те уништам.
Пепел да те сторам, за навек.
Ме уништија, зборови.
Душава ми ја уништија.
Пепел стори се.
Сега можам и јас, многу, многу поиче.
Ама јас не сум ти. Јас не сум ти. Јас, не сум ти.
Јас не фрлам пепел во очи на слепиот,а тоа си ти….
Не вредиш ич, ама баш ич.
Па ти дозволувам да бидиш тоа што сакаш.
Бидејќи не се одмаздувам.
НЕ ги претварам во пепел луѓето што ги сакам, уствари сакав.
Ама требаше да размислиш, што се можам, ама не сакам.
Не ми требаш.
Оној момент кога како гром ми ја уништија душата, зборовите.
Ти умре,за мене.
Ти не’ уби нас.
Само, те оставам, можда и некад ќе ти простам, само затоа што…
На слепиот човек не можеш да му објасниш како изглед а виножитото.
Бидејќи никогаш не ги видел боите.
Слика
 

 

Маските

Ајде да се маскираме! Во што?
Ајде да се маскираме во Ромео и Јулија!
Ама ти не ме сакаше онолку колку јас тебе, и не би ни умрел за мене како Ромео за Јулија.
Тогаш ада се маскираме во Ѕверот и Убавицата. Само што, ти би можел да си Ѕвер, ама јас не сум твојата убавица, и ти немаш место за мене во твоето ѕверско срце.
Не, ајде да се маскираме во Снежана и Принцот! Абе…Ти, си мојот принц, но јас не сум Снежана……
Тогаш ајде да се маскираме во ….
Знам ми текна ајде да се маскираме вака, ти Садиста, а јас Мазохист!!!
И онака секоја прилика ја искористуваш да ме повредиш…
А јас те трпам, те трпам….

П.Исније ’14

Слика