Ги извалкав сеќавањата, партал ги напраив

Се е минливо ми кажа…
Као демек не ти значам повеќе,нели?
Ме сонуваше рече, како плаќев пред твоите нозе.
Кажа уби го копилето што те повредило, исечкај го на делови и запалиго во када со бензин.
Не сватив, што сакаше да кажеш коа рече дека си монструм.
Не сум јас крива реков, и не почекав да се вратиш.
Се извалкав, ко дете во кал.
Се партали напраив…
Ти твоето.
А и моето срце.
Го распарчив.
Не сакав, искрено ти кажувам.
Ама ете дозволив други усни и други раце да го извалкатаа она кое беше твое.
Не знаев да чекам.
Дозволив секој еден да ги допре тие работи кои ти ми ги даде.
Ги извалкав секавањата наши, партали ги напраив…
Што да ти кажуам,што да те барам?!
Што да ти кажам?
Да ти кажам дека уште бајги машки ме бакнаа, онаму каде што само твоите усни беа испишани.
Шо да ти кажам?!
Сакаш да ти кажам дека твоите допири се извалкани со рацете на секој кој ми кажа дека сака да ме сака?
Лом ги напраив сеќавањата, лом ги напраив.
Дали жалам?
Остави не ме прашуј глупи прашања брат.
-Брат?
Е што да ти кажам?
Добро бе љубов моја најголема?
-Најголема сум ти?
Не сакам да ти одговорам.
-Ме сакаш?
Што ти е гајле!
-Ке ме бараш некад.
А ти мене?
Муабети без врска, само за да те почуствувам блиску.
Само за да ме изнервираш.
Ама ти кажав бејби, лом напраив се.
Ти текнуа на сеќавањата наши?
-Да и што?
Ти текнува коа бев ја Ромео а ти Јулија?
– Добро де и што?
А ти текнуа коа прв пат ме бакна?
-И што сеа, ме испитуаш дали се секавам на нас?
Не бе,само сакав да ти кажам дека…
-Ме сакаш?
Не бе шо да ти кажуам нешто шо веќе го знаеш…
Сакав да ти кажам за секавањата наши…
-Што со нив
Ги извалкав сеќавањата, партал ги напраив!
-Те сакам.
Знам, и јас тебе….ама повеќе не сум твоја.
-Засекогаш си моја, убавице, Моја си!!!

!Dont-hurt

Напишете коментар